Голем пожар што изби во Уметничката школа во рамки на Универзитетски комплекс во Глазгов уништи една зграда, изградена во 1909 година и се прошири на уште две.

Пожарот избил доцна синоќа и за негово гаснење биле ангажирани 120 пожарникари.  Засега нема извештаи дека во пожарот има повредени.

Зданието Мекинтош, што изгоре требаше по реставрација од пожар во 2014 година, да биде отворено следната година.