Властите на Мјанмар денеска на Меѓународниот ден против дрога, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони долари. Оваа земја долго време беше главен извор на илегално производство и шверц на дрога.

Само во главниот град, Јангон на спектакуларен оган беша запалена голема количина на дрога во вредност од 144 милиони доларти: опиум, хероин, метамфетамин, марихуана, кетамин и стимуланс познат како ајс или кристален мет.

Огнот бил толку силен што се запалила и надстрешницата поставена од надлежните, па пожарникарите полевале со вода.

Дрога е запалена и во други градови во Мјанмар каде се запленети неколку десетици тони различна дрога. Владата во мај објави рекордна заплена на дрога – 18 тони, меѓу кои 200 милиони метамфетамински таблети.