Американските власти соопштија дека бројот на загинати во пожарот во северниот дел на Калифорнија изнесува вкупно 84 лица.

Огнот, познат како „камперски оган“, е совладан 95 проценти. Тој избувна на 8 ноември и го опустоши градот Парадајс, уништувајќи повеќе од 13.000 домови.

Службата на шерифот на округот Бјут соопшти дека уште 560 лица се водат како исчезнати. Според властите, многу луѓе од списокот на исчезнати можеби се на безбедно и воопшто не знаат дека нивните имиња се на него.