Државјанин на Саудиска Арабија е уапсен во Франција под сомнение за вмешаност во убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги.

Француските медиуми јавуваат дека осомничениот Калед Аед ал-Отајиби бил уапсен на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.

Тој е еден од 20-те Саудијци по кои трагаат турските власти.

Триесет и тригодишниот поранешен саудиски војник патувал под свое име и е задржан во судски притвор.

​Кашоги кој важеше за истакнат критичар на саудиската влада, беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година.