Вкупно 4.254 терористи биле неутрализирани од почетокот на операцијата на турската армија „Маслиново гранче” во северна Сирија, соопшти денеска Генералштабот на турската армија.

Турција на 20 јануари презеде операција „Маслиново гранче” во северна Сирија, насочена против сириската курдска милиција- Сили за заштита на народот (СЗН) и Партијата за демократски сојуз, кои Анкара ги смета за терористички организации, поврзани со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Во соопштението на турските вооружени сили се вели дека при антитерористички операции на турската армија, извршени од 4 до 20 април во југоисточните турски окрузи Тунџели, Дијарбакир и Сирнак, биле неутрализирани 37 борци на ПКК. Во акциите биле запленети 44 парчиња оружје и 41 бомба.