Мала група верници денеска ќе присуствува на првата миса во париската катедрала Нотр Дам, два месеци по разорниот пожар. Поради безбедносни причини, насобраните луѓе ќе мора да носат заштитни кациги.

Парискиот надбискуп Мишел Аупетит и ректор на катедралата „Патрик Шове“, ќе ја предводи мисата, рекла портпаролката на надбискупијата, Карин Дал. Мисата ќе биде одржана во капелата, која се наоѓа во источниот дел од катедралата зад главниот олтар, , зошто централниот дел од катедралата се наоѓа под оштетниот свод, што и натаму претставува безбедносен ризик, нагласила Дал.

Пожарот го уништи покривот од катедралата, која е изградена во 12 век, и куполата од 19 век, наспроти напорите на стотина пожарникари. Донации за обнова на Нотр Дам се уште стигнуваат, а француската Влада соопшти дека до сега се собрани најмалку 10 отсто одф 850 милиони евра, кои француските милијардери ги ветиле дека ќе ги дадат.