Температурата на Свалбард (Шпицбершки Острови), норвешкиот архипелаг на Арктикот, во саботата го сруши апсолутниот рекорд, достигнувајќи 22 Целзиусови степени, објави норвешкиот метеоролошки институт.

Со 21,7 степени измерени во 18 часот по локално време во близина на Лонгјербјен, архипелагот го имаше најтоплиот ден од кога се вршат мерења во таа област.

Претходниот рекорд беше достигнат на 16 јули 1979 година, кога беа измерени 21,3 степени, изјави метеорологот Кристен Гислефос.

Групата острови, се наоѓаат на илјада километри од Северениот Пол.

Саботниот температурен рекордАрктик, кој би требало да се задржи до понеделник, е далеку над вообичаените температури за овој период од годината. Во јули, кој е најтопол месец на Арктикот, температурите на Свалбард се движат меѓу 5 и 8 Целзиусови степени.

Научниците предупредуваат дека Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот од планетата. Летово го обележаа и високи температури во рускиот дел на Арктикот: температури од 5 Целзиусови степени над нормалното во јануари во Сибир и врв од 38 степени на почетокот од јули во Арктичкиот круг.