Во следниот состав на Европскиот паламент што ќе биде избран во мај 2019 година ќе има 705 пратеници. Тоа ќе се случи поради напуштањето на ЕУ на Велика Британија. Во сегашниот состав на ЕП има 751 пратеник.

Според новата согласност одобрена од лидерите на ЕУ, 27 места од 73 испразнети по Брегзит ќе бидат прераспределини на 14 држави земји–членки по принципот на „дегресивна пропорционалност“.

Франција и Шпанија ќе добијат по пет нови пратеници во ЕП.