Бројот на жртви во вооружениот инцидент што се случи во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург се искачи на 11, а над десет лица се повредени, од кои шестмина полицајци.

Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на нападот имаше околу стоо луѓе.

Бауерс по пукањето се предаде на полицијата и е во притвор.

Американскиот јавен обвинител Џеф Сешенс најави дека Министерството за правда ќе подигне обвинение против Бауерс за злосторство од омраза и други злосторства кои би можеле да доведат до смртна казна.

– Омразата и насилството на верска основа немаат место во нашето општество, истакна Сешенс.

Тој додаде дека таквите злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација.