Едно лице почина, а седум се повредени, од кои двајца потешко, во напади со нож извршени рано утрово во англискиот град Бирмингем, соопшти полицијата на Твитер.

Отворена е истрага за убиство.

Полицијата соопшти дека нападите се случиле по полноќ од 00:30 до 2:20 часот и биле поврзани.

На повредите им подлегнал маж, а тешко се повредени маж и жена.
– Можеме да потврдиме дека половина час по полноќ бевме повикани за напад со нож во центарот на Бирмингем – соопшти полицијата на Твитер.

– Одговоривме веднаш заедно со службата за брза помош. Набрзо потоа беа пријавени уште неколку напади со нож во областа – додаде полицијата.

Нема информации ниту за позадината на овие напади, ниту за идентитетот на сторителите.

Полицијата ги повика граѓаните да бидат смирени и внимателни и да се држат настрана од областа на нападот.