Полицијата во Москва заплени околу 900 килограми шверцуван црн кавијар вреден приближно 720.000 долари, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи, Јуриј Титов.

Тој наведе дека кавијарот е прокријумчарен од Тверската губернија, а потоа е дистрибуиран во луксузни продавници за храна во Москва.

Противв сите вмешани во шверцувањето на црниот кавијар покрената е истрага врз основа на кривичниот закон.