Едно лице загина, а друго е повредено кога мал авион со транспарент на кој беше истакната пораката „дали ќе се омажиш за мене?“ се урна во канадскиот град Монтреал.

Според „Си-Ти-Ви њуз“, авион „Цесна 172“ се урнал недалеку од местото каде што се одржувал музички фестивал.

Полицијата соопшти дека едно лице загинало, а друго е пренесено во болница.

Портпаролот на канадскиот комитет за безбедност во сообраќајот изјави дека тимот на комитетот ќе испита како се случила несреќата.

„Ла Преше“ известува дека авионот припаѓал на рекламна компанија.