Во лавините на Алпите загинаа 10 лица, а меѓу загинатите се и тројца Германци. Австриските медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на момче и девојка, по кои се трагаше од неделата. Тие се нашле на патот на лавината, која ги фрлила во амбис, затрупувајќи ги со два метри снег.

На австриските Алпи и натаму се отсечени илјадници луѓе.

На подрачјето на Долна Австрија во тек е потрага по двајца туристи, но поради опасноста од лавини спасувачките акции се често стопирани.

Метеоролозите најавуваат дека до недела ќе падне уште еден метар снег, а австриските медиуми наведуваат дека станува збор за количина која паѓа еднаш во десет години. Опасноста од лавини останува висока во Австрија, Германија и Швајцарија.