Четворица индиски војници загинаа во денешниот оружан судир со терористите кои се борат против индиската управа во Кашмир од 1989 година, јави ДПА.

Во судирот се повредени еден војник и еден цивил, кој се случува откако во четвртокот бомбаш-самоубиец со автомобил се втурна во индиски полициски конвој, при што загинаа 44 полицајци.

Судирите избија рано изутрина, откако владините сили опколија село во јужната област Пулвама, по добиена информација дека таму се кријат терористи. Откако безбедносните сили почнале со претрес, дошло до престрелка, што резултирало со убиство на четворица војници, соопшти полицијата. Меѓу жртвите е и еден мајор во индиската војска, а двете повредени лица се во критична здравствена состојба.

Полицијата информира дека по запирањето на престрелката, војниците се уште вршат претрес во селото.