Во масовно пукање во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време на југоисточната страна на Фресно.

Непознати сторители влегле во дворот на куќата каде лицата биле собрани да гледаат натпревар во американски фудбал и почнале да пукаат, изјави полицискиот службеник Бил Доли, пренесува „АП“.

Заменик началникот на полицијата во Фресно, Мајкл Рид, изјави за медиумите дека се застрелани вкупно 10 лица. Три лица биле пронајдени мртви во дворот, додека четврта жртва починала во болница.

Другите шестмина повредени се во болница и лекарите се борат за нивните животи.

Минатата недела, шеснаесетгодишен тинејџер уби двајца ученици и повреди три лица во оружен напад во средно училиште во близина на Лос Анџелес. Напаѓачот потоа се застрела, по што подоцна им подлегна на повредите.