Турската државна новинска агенција „Анадолија“ известува дека египетската полиција влегла во дописништвото во Каиро и уапсила четворица вработени.

„Анадолија“ наведува дека нема информации каде се однесени вработените, од кои едниот е турски државјанин. Турција го поддржуваше соборениот египетски претседател Мухамед Мурси и честопати го критикуваше актуелниот претседател Абдел Фатах ел-Сиди.

Министерството за надворешни работи на Турција го осуди полицискиот упад и побара ослободување на вработените во „Анадолија“.