Италијанскиот владин претставник, Анџело Борели ги објави најновите информации за епидемијата на коронавирус во земјата.

Според нив, во Италија досега од коронавирус починале 463 лица. Тоа е за 97 повеќе од вчера, пренесува хрватски „Индекс“.

Вкупно заболени се 9.172 лица, што претставува зголемување од 1.797 во однос на вчерашниот ден.

Само во северната покраина Ломбардиј има 5.469 лица позитивни на коронавирус.

Бројот е зголемен за 1.280 во однос на вчерашниот ден, рече Џулијо Галера, комесар за здравство на Ломбардија.

Тој исто така посочи дека 2.820 лица се хоспитализирани, што е 585 повеќе од вчера. Покрај тоа, 440 лица се на интензивна нега, или 41 повеќе од вчера.

Галера исто така објави дека првиот заразен пациент се опоравува. Поточно, тој започнал да дише самостојно и повлечен е респираторот.