Италијанската полиција соопшти дека запленила 932 килограми чист кокаин скриен во контејнер со замрзнати школки од Чиле во пристаништето на југот на земјата.

Вредноста на запленетата дрога на црниот пазар се проценува на околу 186 милиони евра, додаде полицијата.

Дрогата била спакувана во 800 пакети скриени во 37 вреќи.

Пристаништето Џоја Тауро, во Калабрија, со години е под посебен надзор на италијанската царина и полиција, бидејќи е една од главните влезни точки за дрога.