Во изминатите 24 часа од коронавирус во Италија починале 168 луѓе. Според најновите податоци, забележани се 977 нови случаи на заразени, со што сега бројот на активни случаи порасна на 8.514.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, вчера ѝ се обрати на јавноста и објави дека цела Италија поради коронавирусот стана црвена зона.

Во земјата забранети се јавни собири, а движењето на луѓето е ограничено. Тој додал и дека на оваа мерка се одлучиле поради значајниот пораст на починати и заразени.

Италијанците ќе смеат да се движат само на работа, од здравствени причини и во итни случаи.

„Нашите навики мора да се променат веднаш“, порача Конте.

Тој рекол дека мерките се шират во целата држава за да се заштитат најранливите во општеството. Повика и да се одложат сите спортски натпревари, а објави и дека наставата се одложува до трети април.