Во Иран е прогласена тридневна жалост поради смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

По убиството, десетици илјади луѓе ги преплавија улиците на Техеран за да протестираат против САД.

Многуте учесници на протестите носеа негови фотографии, а неколкумина го запалија американското знаме, јави Си-ен-ен.

Сулејмани беше командант на иранската елитна единица Кудс. Тој беше убиен утрово во напад организиран од САД на аеродромот во Багдад.