Израелците денеска ширум земјата протестираа поради неадекватниот одговор на Владата на насилството врз жените.

Демонстрантите ги блокираа главните раскрсници и со црвена боја на улиците нацртаа знакови во кои ги напишаа имињата на десетина убиени жени.

Во Тел Авив активистите околу плоштадот ставија околку 200 чевли обоени во црвено, што го симболизира насилството врз жените.

Централниот протест треба да се одржи во текот на денот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху апелираше да се преземат повеќе мерки за справување со насилството врз жените. Но, тој минатата недела беше критикуван кога побара да не се гласа за предлогот за формирање на парламентарна комисија, која би го истражувала насилството врз жените.