Нигериската полиција спаси повеќе од 300 луѓе, повеќето од нив деца, кои биле врзани со синџири и заробени во зграда во градот Кадуна на северот на земјата, соопшти денеска полицискиот портпарол, Јакубу Сабо.

Тој рекол дека во зградата било сместено исламско училиште и дека седум лица се уапсени во врска со инцидентот.

– За децата, постари од пет години, грижата ја презеле државните власти. Две од децата се од Буркина Фасо, а другите ги довеле родителите од сите делови на Нигерија, пред сè, од северните провинции – објасни портпаролот.

Меѓу уапсените се и наставници од исламското училиште.