Најмалку 24 тела претежно на жени се пронајдени во дворот од куќата на поранешен детектив во Салвадор, кој беше уапсен за убиство на две жени, мајка и ќерка.

Властите во Салвадор започнаа со ископување на тајни гробишта, а се претпоставува дека таму се закопани околу 40 тела.

Ексхумацијата на телата може да продолжи и следниот месец, објавија локалните власти.

Потрагата започна кога поранешниот полицаец Хуго Ернесто Осорио Чавез (51) беше уапсен на почетокот на овој месец откако убил жена и нејзината ќерка. Осомничениот, кој беше под истрага за сексуални престапи, призна дека извршил двојно убиство.

Кога екипа за судска медицина изврши претрес во неговата куќа, биле откриени најмалку седум тела, од кои некои биле закопани една или две години.

Инцидентот го стави во фокусот прашањето за фемицид во земја со 6,7 милиони жители, со 70 инциденти од овој тип регистрирани минатата година. Во Салвадор биле забележани 111 убиства на жени во 2019 година, покажаа полициските податоци.

Насилството врз жените во Латинска Америка, вклучувајќи убиства, се влошило за време на пандемијата ковид-19.