Американски воени авиони извршија два напада во Авганистан, при што загинаа најмалку 25 цивили, меѓу кои и жени и деца.

Во едниот напад во областа Вардак било стрелано врз затвор на талибанското движење, од кој биле ослободени осум авганистански војници и убиени 40 талибанци. При нападот била погодена куќа во која имало 12 цивили.

Во другиот напад, во областа Каписа на североистокот на земјата, локалните власти велат дека биле убиени 13 цивили – мажи, жени и деца. Американските власти ги потврдија нападите, но негираа убивање цивили.

Обединетите нации проценуваат дека во текот на 2017 година во Авганистан биле убиени над 3.400 цивили, а ранети над 7.000.