Поранешната прва дама на Гватемала, Сандра Торес, која изгуби на претседателските избори, е уапсена под обвинение за финансиски малверзации за време на предизборната кампања.

Торес беше омажена за поранешниот претседател на Гватемала, Алваро Колома, кој беше на функција од 2008 до 2012 година, а подоцна се разведе од него.

Таа минатиот месец изгуби на изборите од Алехандро Џиамати.