Ана Хакобјан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска објави дека по воената обука, таа и уште 13 жени ќе заминат во Нагорно-Карабах.

– Од утре, чета од 13 жени, вклучувајќи ме и мене, ќе започне воена обука. За неколку дена ќе почнеме да помагаме за заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина, ниту нашето достоинство нема да му се предадат на непријателот – напиша таа на својот профил на Фејсбук.

Да потсетиме, претходно беше објавено дека синот на премиерот на Ерменија, Ашот Пашинијан, оди во Нагорно-Карабах, каде што траат борбите со Азербејџан за оваа спорна енклава.

Ана Хакобјан тогаш изјави дека нема ништо поблагородно од давањето на својот живот за татковината.