Министерството за надворешни работи на Шпанија објави дека се обидува да утврди зошто во Каракас е приведен новинар со двојно државјанство – шпанско и венецуелско.

Амбасадата на Шпанија во Каракас стапила во контакт со семејството на новинарот и активист Луис Карлос Дијас.

Националниот синдикат на новинарите на Венецуела вчера на Твитер објави дека Дијас исчезнал вчера попладне, а подоцна во неговиот дом во Каракас припадници на тајната полиција СЕБИН од неговиот дом одземале компјутер, мобилни телефони и пари.