Форензичарите успеале да идентификуваат 44 тела, пронајдени во еден бунар во мексиканската држава Халиско, во непосредна близина на градот Гвадалахара, пренесуваат светските агенции.

Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за човечки остатоци кои биле сместени во 119 црни вреќи.

Телата биле откриени на почетокот на месецов кога локалните жители се пожалиле на неподносливата смрдеа што доаѓала од бунарот.

Халиско е сојузна држава во Мексико позната по насилствата на нарко-картелите, а ова е втора поголема масовна гробница што е пронајдена годинава на територијата на државата.