Фото: Пекселс

Полицијата пронашла пет мртви тела во станбена зграда во Сенциг, јужно од Берлин. Меѓу нив се три деца. Оваа вест за германски „Билд“ ја потврдил и портпаролот на полицијата.

-Пред да ги пронајдеме ни се јави граѓанин кој беше загрижен бидејќи извесно време не ги видел соседите. Одредот за убиство веднаш излезе на терен – изјавил тој.

Истражителите се на терен и како што изјавил портпаролот, се работи за две 40-годишни лица и деца на возраст од 10, 8 и 4 години, кои се убиени. На телата се забележани пет прострелни рани и убодни рани.