Белгиските власти соопштија дека над 30 лица се задржани во притвор во рамки на голема полициска операција, чијашто цел била да се сопре измамата преку интернет во врска со продажба на автомобили.

Канцеларијата на сојузниот обвинител наведува дека речиси 1.200 полицајци, со поддршка на дронови и хеликоптери, извршиле претрес на седум локации во јужниот дел на Белгија, во близина на француската граница.

Во акцијата учествувала и француската жандармерија, пренесе „АП“.

Приведените се сомничат за рекетирање и припадност кон криминални банди.