Американските вооружени сили и ЦИА спроведуваат тајни операции со цел евакуација на своите државјани надвор од аеродромот во кабул, објави „Волстрит џурнал“.

Според американскиот весник, ЦИА започнала неколку тајни операции со цел евакуација на Американците од Кабул, но и од други локации, користејќи воени хеликоптери.

Покрај тоа, американските војници, заедно со нивните соработници, особено Британците и Французите, спроведуваат операции на терен во кои ги извлекуваат своите сонародници, како и Авганистанци со зелена карта и специјални визи, но приоритет им се дава на американските граѓани, објавија агенциите.

Откако администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави крај на военото присуство во Авганистан и започна евакуација, Талибанците започнаа офанзива против авганистанската влада и ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата на 15 август, кога без борба го зазедоа главниот град Кабул.