Француската полиција денеска објави дека вооружен маж зел четири лица како заложници во продавница за тутун во предградие на Тулуз.

Портпаролката на полицијата изјави дека е премногу рано да се исклучи можноста за тероризам, бидејќи барањата на киднаперот уште не се познати.

Властите велат дека идентитетот на оваа личност е непознат исто како и фактот колку вкупно луѓе се наоѓаат во продавницата, објави АП.

Француски специјални полициски единици се испратени на местото на настанот. Областа околу продавницата се наоѓа во местото Блањак, недалеку од аеродромот во Тулуз.

Телевизијата „Франс 3“ соопшти дека киднаперот побарал да разговара со полициски преговарач.