Вооружени чувари во Венеција го контролираат приливот на туристи, пренесуваат медиумите во регионот. Како што е наведено, иако стражарите не се обврзани да носат оружје, многумина што имаат оружје го користат тоа право.

Данило Скатолин, правен застапник на работниците на бродот кои се членови на синдикатот СГБ, вели дека поради долгото чекање во редиците, постои фрустрација, особено кај локалните жители кои се обидуваат да користат воден транспорт.

– Патниците често физички го напаѓаат персоналот. Тие ги плукаат, ги навредуваат, дури и ги удираат со тупаници. Идејата дека ви требаат вооружени чувари во 2021 година значи нешто. Тоа не е убава слика за градот, но ни требаат вооружени чувари за заштита на персоналот – рече тој.

Додава дека проблемот не е само во метежот во водниот транспорт, туку дека истото се случува и во автобусите.

Друг проблем е што многу посетители на Венеција сакаат да ги посетат истите места во исто време, така што линиите на патот што водат до островите Мурано, Бурано и Торчело се долги неколку стотици метри.

Бројни локални жители, исто така, наведуваат дека вистинско стампедо на туристи понекогаш се случува кога сакаат да се качат на брод или автобус.