Во некои делови на Соединетите Држави зимата порани оваа година, а во Монтана е прогласена вонредна состојба, бидејќи патиштата се блокирани поради 121 сантиметар снег.

Околу 48 сантиметри снег падна во северозападниот дел на државата Вашингтон, а снег провејува и во делови од Калифорнија, Невада, Вајоминг, Орегон и Ајдахо.

Во некои делови од земјата се очекува да паднат уште 2,5 до 5 сантиметри снег, додека зимските бури се на сила во Монтана, планините на северен Вашингтон и Ајдахо.

Температурите во западна Монтана и северен Ајдахо синоќа паднале на минус 6,6 степени, пренесува „Ројтерс“.

Гувернерот на Монтана, Стив Булок, кажа дека зимското невреме во септември е вистинско изненадување, но дека државата и локалната самоуправа соработуваат за да го заштитат здравјето и безбедноста на граѓаните.

Метеорологот Џош Вајс истакна дека од 1930 година не било забележано такво невреме толку рано.