Во Русија гори шума со површина од 1,7 милиони хектари, што е 12 отсто повеќе од минатата година и поради тоа во пет региони во земјата е прогласена вонредна ситуација, изјави министерот за природни ресурси на Русија Дмитриј Кобилкин, а пренесе „Б92“.

– Регионална вонредна ситуација е прогласена во пет конститутивни ентитети на Руската Федерација, а најтешка е ситуацијата во областа Иркутск, Краснојарск, Јакутија и Буријатија. Шумските можари зафатија територија од 2,7 милиони хектари, што е 12 отсто повеќе во однос на минатата година – рече Кобилкин.

Според него, како помош на регоналните сили за гаснење на пожарот се вклучени 95 отсто од припадници на федералната служба за заштита на шумите и пламенот се гасне со авиони и сите други достапни техники.

Тој напомена дека за спречување на ширење на огнот од соседните региони во територијата на Краснојарск се префрлени 100 професионални падобраници, а уште 100 лица се подготвени за реакција.