Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) ќе се состане на 16 април на вонредна седница на која ќе се разговара за „наводната употреба на хемиско оружје“ во Сирија.

ОПЦВ, чие седиште е во Хаг,  е дел од системот на ОН и има задача да го следи режимот за спроведување на договорот за забрана и уништување на хемиско оружје.

Претставниците на земјите-членки ќе се состанат во понеделник околу пладне.