Во Брисел денеска се одржува мини самит на земјите членки на Европска унија посветен на илегалната имиграција, зајакнување на Договорот од Даблин и улогата на ФРОНТЕКС.

На состанокот ќе присуствува претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер, германската канцеларка и претседателите или премирите на Италија, на Франција, на Шпанија, на Грција, на Бугарија и на Австрија.

Вонредниот самит претставува подготовка за Самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 28 и 29 јуни.

Мини самитот го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои не сакаат да примат мигранти.