Хеликоптер на индиските воздухопловни сили денеска забележал остатоци од авион што исчезна минатата недела над оддалечените планини што граничат со Кина, а властите се обидуваа да откријат што се случило со 13-те лица кои биле на него.

– Напорите продолжуваат да се утврди статусот на патниците и дали има преживеани – изјавиле воените сили.

Авионот исчезнал од радарот на 3 јуни, кратко време откако полетал од градот Јорхат во источната држава Асам. Во авионот имало осум членови на екипажот и пет патници.

Мито Дирчи, окружен претставник во државата Аруначал Прадеш, каде што бил упатен авионот, изјави за „Ројтерс“ дека остатоците од истиот биле забележани близу местото каде што авионот исчезнал од радарот.