Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, кој почина на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребан со воен погреб во Каиро. Мубарак владееше со Египет речиси 30 години сè додека не беше принуден да ја напушти власта по протестите кои се одржаа во 2011 година. Тој оттогаш помина бројни години во затвор и во воени болници пред да биде ослободен во 2017 година.

Мубарак почина вчера на oдделот за интензивна нега, откако беше подложен на операција.
Водечките египетски воени претставници се очекува да присуствуваат на верскиот обред во источното предградие на Каиро, но останува нејасно дали ќе биде присутен и претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.

Прогласена е тридневна национална жалост во Египет.