Припадници на безбедносните сили на воениот режим во Мјанмар отворија оган врз учесниците на денешните протести низ целата земја, пришто убија најмалку пет лица.

Во градот Ветлет во централниот дел на Мјанмар се убиени две лица, додека други две се убиени во одделни акции на припадници на воената хунта во два града на североисток. Едно лице загинало во рударскиот град Хпакант во северниот дел на земјата, соопштија локалните медиуми.

Три месеци по воениот преврат и соборувањето на демократски избраната влада, илјадници граѓани денеска излегоа на улиците во Мјанмар за да протестираат против воената диктатура.