Властите во Зимбабе го продолжија привременото прекинување на доставувањето на интернет за граѓаните. Жителите на оваа африканска земја излегоа на улиците и ги наполнија маркетите за да ги зголемат резервите на храна, неколку дена по протестите предизвикани од драстичните зголемувања на цените на горивата во земјата, пренесува „Ројтерс“.

Владата во Зимбабве во јавноста информираше дека има три жртви за време на протестите на почетокот од неделата, кога претседателот Емерсон Мнангагава ги зголеми цените на горивата за 150 отсто. Адвокатите и активистите велат дека бројките кои ги кажиуваат властите не се точни и сметаат дека има повеќе жртви, но и дека безбедносните сили прекумерна сила и масовно ги апселе граѓаните за да ги прекинат протестите.

Иако ситуацијата во главниот град Хараре е нормализирана, полицијата продожува да патролира во градот, изјави портпаролот на најголемата партија во Зимбабве. Тој додаде дека „гасењето“ на интернетот од страна на Владата е кршење на основните човекови права и ги побара помош од „светот“ поради лошата ситуација.

Властите сè уште немаат одговорено на обвинувањата дека полицијата користела прекумерна сила, но зголемен број на жители на државата сметаат дека сегашниот премиер започнува да ги користи тактиките на претходниот претседател Роберт Мугабе за заплашување и физичко насилство врз народот кој не се согласува со неговите одлуки.