Во Кина досега 1.523 лица починале од коронавирусот, а заразени се 66.492 лица, изјави официјалниот претставник на Националната здравствена комисија Лијанг Ванијан.

Тој рече дека 2.641 нови случаи биле регистрирани за 24 часа и дека 143 лица починале само во петокот, претежно во провинцијата Хубеи.

Во главниот град на таа провинција Вухан, каде започна епидемијата во декември, досега починале 1.123 лица, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, на сите граѓани кои се враќаат во Пекинг од одмори или празници им е наредено да останат во карантин – дома, или да подлежат на 14-дневно колективно набудување.

Речиси 450 случаи се регистрирани во 24 земји ,а три починале како последица на вирусот.