Русија изврши напад кој доведе до смрт на британски државјанин од „Новичок“, изјави британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон, по смртта на 44-годишната британка од труење со нервниот агенс „Новичок“.

Вилијамсон ова го кажа во Парламентот, одговарајќи на прашање во врска со заканата за луѓето во Велика Британија, по смртта на Даун Старџис.

– Реалноста е дека Русија извршила напад на британската територија, што доведе до смрт на еден британски државјанин. Сметам дека светот ќе се обедини со нас во осудувањето на она што се случи – рече министерот.