Руската амбасада во САД вложи протестна нота до Стејт Департментот на САД во врска со проблемот со издавање виза за руската тенисерка Светлана Кузнецова, објави руската дипломатска мисија во својата Фејсбук профил, пренесува ТАСС.

– Вложивме протестна нота до Стејт департментот со барање да запрат со дискриминаторската политика околу издавањето визи за руските учесници на меѓународни спортски турнири – се вели во соопштението.

Според Руската амбасада, Кузнецова е уште една жртва на административните процедури за добивање американска виза.

– Изразување презир кон континуираната практика на попречување на учеството на нашите спортисти на големите спортски турнири кои се одржуваат на територијата на САД – изјави руската дипломатска мисија.

Кузнецова во четвртокот објави дека нема да може да ја брани својата шампионска титула на ВТА-турнирот во Вашингтон следната недела. Таа беше принудена да се повлече од натпреварот поради проблем со добивањето американска виза.