Виетнам се обидува да ја забрза идентификацијата на своите граѓани за кои се сомнева дека се меѓу луѓето кои минатата недела беа пронајдени починати во камион, во близина на Лондон, пренесува „Ројтерс“.

– Националноста на жртвите уште не е официјално потврдена – изјави заменик-министерот за надворешни работи на Виетнам.

Според неговите зборови, Виетнам и Велика Британија се обидуваат дека ја забрзаат идентификацијата на телата, но не е поставен рок.

Британскиот суд вчера соопшти дека во криумчарењето на луѓето била вмешана меѓународна криминална група.

Возачот на камионот е соочен со обвинение за убиство и трговија со луѓе.