Алексеј Навални денес отпатува за Москва, првпат откако му се слоши минатото лето и беше префрлен во Германија.

Навални е еден од најголемите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, а пред враќањето од Берлин, каде беше на лекување во изминатите месеци, порача дека не го интересираат најавите на руските власти дека кривично ќе го гонат.

Руската полиција веќе уапсила неколку поддржувачи на Навални на московскиот аеродром Внуково, додека чекале тој да слета.

На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како полицајците ја одведуваат од терминалот на Внуково соработничката на Навални Љубов Собол.