Вулканот Фуего синоќа повторно еруптираше, по што напорите на спасувачките екипи беа залудни, па акцијата мораше да се спречи.

Стотина селани и спасувачки екипи се евакуирани непосредно пред најновата ерупција, во која лавата се движела со неверојатна брзина и испуштала токсичен гас, кој се надвил високо на небото.

Агенцијата за вонредни ситуации ги повлече спасувачите и полицијата, а на новинарите им е наредено да се евакуираат.

Бројот на жртви во ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала се зголеми на 75 лица, соопшти Националниот институт за судска медицина.

Институтот прецизира дека само 23 од пронајдените тела се идентификувани. Претставник на Одделот за борба против природни катастрофи соопшти дека 192 лица се водат како исчезнати.

Во ерупцијата, која почна во неделата, има 46 повредени, а 3.271 луѓе евакуирани. Покрај нив, 2.625 луѓе се преселени.

Несреќата погоди вкупно 1,7 милиони локални жители.

По ерупцијата на вулканот во неделата регистриран е и земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала во близина на брегот на Гватемала.