Фото: Макфакс

Илјадници противници на епидемиолошките мерки и на најавената задолжителна вакцинација попладнево протестираат во Виена, а како и претходните демонстрации и овие беа одбележани со инциденти, јавуваат тамошните медиуми.

Според полицијата, на протестот во центарот на Виена се собрале околу 20.000 луѓе.

За прв пат по протестот, пред насобраните се обратил и лидерот на ФПО Херберт Кикл, кој не можеше да присуствува на претходните демонстрации поради инфекција со коронавирус.

– Некои сè уште не сфатиле што нуди власта – изјавил Кикл, употребувајќи вулгарни зборови критикувајќи го крајот на карантинот.

Тој посочил дека неговата партија ќе се бори за сите оние кои се уште не го разбрале тоа, бидејќи смета дека тоа е слободарска форма на солидарност. Кикл изразил уверување дека секој ден ќе има се повеќе луѓе кои ќе се креваат против ковид мерките и дека нема да помине долго додека не падне владата.

Учесниците на протестот носеле транспаренти „Не за присилната вакцинација“, „Држете ги рацете подалеку од нашите деца“.

За време на протестот дошло до инциденти а полицијата во неколку наврати морала да интервенира и привела повеќе лица, соопштија регионалните медиуми.