Илон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“.

Тој откри дека ја има оваа состојба, што е форма на аутизам, објаснувајќи дека има потешкотии да ги натера луѓето да веруваат дека мисли на она што го зборува.

– Одлично е да се биде домаќин на „Saturday Night Live“, и навистина го мислам тоа. Понекогаш откако ќе кажам нешто, морам да кажам дека го мислам тоа“ рече во својот воведен говор 49-годишниот извршен директор на компанијата „Тесла“, основачот на „СпејсИкс“ (SpaceX) и еден од најбогатите луѓе во светот.

Тој, како образложение, додаде дека е првиот човек на Аспергер што ја водел емисијата,  или барем првиот што го призна тоа – се пошегува Маск.

Се смета дека е првпат бизнисменот јавно да каже дека има состојба на аутистичен спектар.

Познато е дека на луѓето со Аспергеров синдром може да им биде потешко особено разбирањето и однесувањето на другите луѓе и да учествуваат во секојдневното – семејство, училиште, работа и социјален живот.