Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер и активист, се појави пред суд за прв пат од неговиот штрајк со глад. На своето прво појавување пред судот, по штрајкот со глад, Навални изгледаше исцрпено и како што рече како „страшен скелет“, пренесуваат руските медиуми.

– Сакам да ти кажам, драг мој судија, дека твојот крал е гол – рече Навални пред судот преку видео врска

44-годишниот Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условна казна според претходната пресуда за која тој и Европскиот суд за човекови права велат дека биле политички мотивирани. Судот пресуди дека тој ја прекршил условната казна бидејќи не се јавувал редовно на суд додека бил во германска болница на лекување од труење.